Пендаровски: Мандатот по изборите ќе го доделам со гаранција за мнозинство
„Да бидеме реални, Груевски прв ја даде идејата за странец обвинител. После ја напушти. Што се однесува до ветингот, јас мислам дека е најдобро да се свртиме кон некој странец експерт да го менаџира ветингот“ изјави Пендаровски.
Во однос на претстојните предвремени парламентарни избори Пендаровски посочи дека ќе му го даде мандатот на оној што ќе го увери или ќе му даде гаранција во облик на потписи дека има 61 пратеник.
„Не чувствувам должност кон СДСМ и ДУИ. Доколку не работат за доброто на граѓаните нема да имаат моја поддршка,“ изјави Пендаровски.
Тој на прашањето за техничката влада истакна дека не му се допаѓа што во земјава има таков предизборен модел на техничка Влада, но, истакна ова е најдобар модел поволен за нас.
На прашањето како ја оценува функционалноста на техничката Влада, Пендаровски подвлече дека недовербата меѓу двата политички блока е многу голема, многу поголемо од просечното ниво на недоверба меѓу граѓаните кои се веќе партиски и политички определени, изјави шефот на државата Пендаровски.
За Законот за ЈО и начинот на кој беше донесен во Собранието, Пендаровски укажа дека може да ги потпише законите откако се изгласани и кога Собранието е распуштено.
„Тврдам дека ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ и без да го донесевме Законот за ЈО, но добро е што го имаме“,изјави меѓу другото Пендаровски.