Работници од „Синохидро“ дошле во Македонија, ќе бидат во карантин 14 дена
„Со заштитна опрема заедно со двајца лаборанти од Одделението за вирусологија ги пречекавме двете лица на аеродромот во Скопје. Постапивме согласно сите критериуми за спроведување епидемиолошки надзор. Разговаравме за нивната здравствена состојба“, истакна д-р Караџовски.
Тој посочи дека сите лица кои ќе пристигнуваат од Кина, каде се најголемиот дел од болните од коронавирусот, ќе бидат спроведени во соба за изолација и ќе им се земат соодветни материјали за микробиолошки анализи и брисеви, врз основа на кои ќе се дијагностицира евентуално присуство на коронавирус и ќе бидат поставени во 14-дневен надзор согласно законските регулативи и прописи. Караџовски додаде дека се очекува идната недела во државава да пристигнуваат и други работно ангажирани лица од „Синохидро“.
Кинеските работници ќе дојдат во Македонија по 14 дена во карантин