ДУИ бара повторно судење за случаите „Монструм“, „Сопот“, „Алфа“, „Алмир“, „Саздо“
„Повторно судење на транспарентен начин, меѓународно мониторирање и презумпција на невиност се предуслови за враќање на довербата во судството во случаите како „Монструм“, „Сопот“, „Алфа“, „Алмир“, „Саздо“ и многу други. ДУИ во овој мандат и објавува војна на селективната правда и корупцијата“, рече Нухиу и додаде дека партијата успеала во целост да ја реализира својата програма.
Прашан за тоа дека албанските партии ДПА и БЕСА најавуваат коалиција со СДСМ, за предизборната коалиција на Алтернатива и на Алијанса за Албанците и за кандидатските листи на ДУИ, Нухиу рече дека за тоа ќе одговори Изборниот штаб на партијата.