Ричард Гренел останува на досегашната должност специјален претставник на претседателот на САД за дијалогот меѓу Србија и Косово, потврди за Радио Слободна Европа неговиот претставник за медиуми Дик Кастин.
„Можеме да потврдиме дека амбасадорот Гренел ќе ја извршува функцијата амбасадор на САД во Германија, како и специјален известувач за преговорите меѓу Србија и Косово, а од сега и вршител на должноста директор на националната разузнавачка служба“, се наведува во пишаниот одговр по барање на РСЕ.
Кастин додава дека Гренел го прифатил предлогот на претседателот Трамп да ја преземе позицијата вршител на должноста директор на националната разузнавачка служба на ограничено време и дека Белата куќа наскоро ќе номинира кандидат за таа позиција.
„Замајќи ги предвид тие факти, Гренел ќе ја задржи позицијата амбасадор во Германија и специјален претставник за мировните преговори меѓу Косово и Србија, на што е посветен 100 проценти“, нагласува Кастин.