Опаѓањето на бројот на нови случаи на заразени со коронавирусот во Кина е охрабрувачки, но се уште е рано да се каже дали тој тренд ќе продолжи, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), јавува Ројтерс.
Директорот на СЗО Тедрос Адхан Гебрејезус изјави дека „нема време за задоволство.“
Тој нагласи дека бројот на случаи во остатокот од светот е многу мал во однос на Кина, но дека е можно ситуацијата да не биде таква уште долго.
Директорот на СЗО за итно здравствено информирање и проценка на ризик Оливер Морган предупреди дека во различни групи се потврдени последните неколку случаи во Јужна Кореја.
„Бројките се чини дека се доста големи, но тие бројки се поврзани со веќе постоечкиот бран на ширење на заразата“, рече Морган.
Од коронавирусот починаа повеќе од 2.000 луѓе, од кои осум надвор од континентална Кина, по два во Хонгконг и Иран, по еден во Франција, Јапонија, Филипини и Тајван.