Азербејџанската полиција притвори повеќе од 20 опозициски и независни кандидати кои протестираа против резултатите на предвремените парламентарни избори. Гласачкиот процес во земјата исто така беше критикуван и од меѓународните набљудувачи.
Протестите се одржаа вчера пред Државната изборна комисија, а специјалната полиција дојде и ги стави опозиционери во автобуси. Министерството за внатрешни работи тврди дека протестите биле нелегални и незаконски.
Според резултатите на Државната изборна комисија владејачката партија Нов Азербејџан освои 70 места во парламентот кој има 125 пратенички места, додека сите останати места ги земаа помалите партии и независните кандидати лојални на претседателот Илхам Алијев.
Партијата на Алијев води на изборите во Азербејџан
Меѓународните набљудувачи посочија на широко распространето прекршување на гласачката процедура во пребројувањето на гласовите.Алијев ги распиша изборите девет месеци порано во обид да ја консолидира власта, а опозицијата обвинува за изборен процес со сериозни прекршувања.