Кинеската владејачка комунистичка партија се соочува со лутината на јавноста поради смртта на лекарот кој беше под закани од властите поради обидот да алармира за новиот вирус во декември, пред да стане глобален проблем. Кинеската влада најави дека ќе испрати тим да ги испита „релевантните прашања во јавноста за смртта на лекарот“.
Во меѓувреме Кина соопшти дека бројот на починати од вирусот достигна 722 лица, додека бројот на заразени засега изнесува 34 илјади луѓе. Американската амбасада во Пекинг соопшти дека во Вухан починал 60 –годишен американски државјанин. Според податоците од новинската агенција Ројтерс во 27 земји надвор од Кина се забележани 320 заболени од коронавирусот.