Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе се движи од 0 до 7 степени.
Во Скопје променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец.Дневната температура ќе достигне до 7 степени.
Во наредниот период не очекува стабилно време со постепен пораст на дневната температура.