Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска денеска изјави дека јануарските пензии на 324.000 корисници на пензија се повисоки за 722 денари. Според неа, покачувањето не е популизам пред избори, туку се должи на стабилизација на пензискиот систем во изминатите две години.
„Со ова добиваме просечната пензија оваа година да изнесува 15.500, а за две и пол години таа пораснала за 1.746 денари“, рече Царовска.
Претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите Станка Трајкова ја поздрави одлуката и порача дека со зголемувањето се подига вредноста на просечната пензија во државата.