Денеска во 15 часот пред Собранието Младинското движење за климатска правда „Петоци за Иднината Скопје“ организира протестен собир на кој ќе биде побарано, како што е најавено, „крај на фарсата која парламентарните партии деновиве им ја сервираат на граѓаните во врска со законот за отпад“. Протестот ќе биде и со соодветен парфоманс, симболично седнување на улицата, што ќе ја претставува „чекалната“ во која се наоѓаат граѓаните додека да се донесе решение за секојдневното труење од согорување отпад.