Неидентификувани напаѓачи денеска пукале кон две жени кои вакцинирале деца во северозападен Пакистан при што загинала една од нив, а другата е повредена.
Пукањето се случило во селото Пармоло, а двете жени учествувале во кампањата за имунизација со полио вакцина на локалното население. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.
Во последната деценија талибанските милитанти убија десетици здравствени работници и полицајци бидејќи веруваат во кампањата против вакцинација во која се тврди дека со неа се стерилизираат пакистанските деца.