Судот во Бугарија вчера изрече мерка притвор во траење од 40 дена за Украинецот Олексиј Москаленко (Левин) врз основа на црвена потерница издадена од ИНТЕРПОЛ за сомнение дека е коорганизатор на нападот врз украинската активистка која потоа почина. Бугарското обвинителство соопшти и дека добиле документи со барање за екстрадиција од украинското обвинителство.
Бугарската полиција, пак, информираше дека 42 годишниот Москаленко бил уапсен на 24 јануари во Бургас без да пружа отпор и дека неговиот идентитет бил откриен преку отпечатоци од прстите. Според полициските соопштенија тој влегол во Бугарија од Романија во 2018 година и живеел во стан кој бил изнајмен од Украинка.
Почина украинската активистка нападната со киселина
На 21 јули 2018 година истакнатата украинска активистка во борбата против корупцијата Катерина Ханџјук се здоби со изгореници на повеќе од 30 отсто од телото по нападот со киселина во градот Кершон на југот на Украина. Неколку месеци подоцна таа почина во болница во Киев.