Ќе биде сончево со мала до умерена облачност, понекаде по котлините со утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од југозападен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите на запад ќе ги има повремено и преку ноќта. Утринската температура ќе биде од минус три до четири, а дневната од три до 15 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу два, а дневната ќе достигне до 10 степени.