Стејт департментот не ја вклучил новинарката на Националното јавно радио Мишел Келемен во тимот за следење на претстојната турнеја на американскиот државен секретар Мајк Помпео низ Британија, Украина, Белорусија и Централна Азија. Според соопштението на Асаоцијацијата на новинарите во Стејт департментот, тоа било поради интервјуто што нејзината колешка Мери Луиз Кели го имала со Помпео кое тој го напуштил налутен поради тоа што му поставувала прашања за Украина иако, како што тврди Помпео, тоа претходно не било договорено.