Словенечкиот премиер Марјан Шарец денеска си поднесе оставка од позицијата. Како што јавува Ројтерс тој ја пратил оставката до парламентот и побарал да се распишат предвремените парламентарни избори наведувајќи дека сегашната малцинска влада не може да ги протурка потребните важни закони. Шарец пишува дека со ваква коалиција и ситуација во парламентот не може да ги исполни барањата на граѓаните. Непосредно пред неговото соопштение, словенечката агенција СТА јави дека оставка си поднел министерот за финансии Андреј Бертонцељ.