Авион се урна во Авганистан, соопштија властите, но деталите за несреќата остануваат нејасни. Властите соопштија дека несреќата се случила околу 13.10 по локално време во северозападната провинција на Авганистан во која има големо присуство на Талибанците.
Часови по инцидентот нема официјални извештаи за последиците, а високи претставници од кабинетот на претседателот Ашраф Гани велат дека се уште се испитуваат детали на местото на несреќата. Претходно, повикувајќи се на првичните информации Вахидула Лалимзаи, гувернер на провинцијата, рече дека авионот бил на националниот авганистански авио превозник Ариана Ерлајнс и дека во него имало 83 луѓе. Во објава на социјалната мрежа Фејсбук директорот на Ариана Мирваис Мирзаквал негираше дека некој од нивните авиони се урнал, додавајќи дека имало авионска несреќа, но не била на нивната компанија.
Се урна авион со 83 патници во Авганистан
Во меѓувреме, авганистанската агенција за цивилна авијација наведе дека „цивилен авион не се урнал“. Висок воен претставник во Кабул наведува дека не се урнал ниту авион на НАТО или САД. Портпаролот на Талибанците Забихула Муџахид рече дека се уште не го лоцирале урнатото летало.