Повеќе од 30 активисти, јавни личности и локални политичари од Москва објавија јавен манифест со кој бараат од руските граѓани да се спротистават на предложените уставни измени од претседателот Владимир Путин.
„Новаја Газета“ која го објави документот доцна вчера наведува дека повеќе од 8000 луѓе веќе се потпишале на манифестот во кој амандманите на Путин се нарекуваат „уставен удар“ чија цел е да го одржат „Путин и неговиот корупциски режим“ на власт до крајот на неговиот живот. Меѓу потписниците се економистот Сергеј Гуријев, активистот за човекови права Сергеј Давидис, политичките аналитичари Денис Билунов и Александр Шмелев, десет члена на советот на градот Москва, новинари и други.
Шеесет и седум годишниот Путин ги објави реформите во обраќањето до нацијата на 15 јануари, по што веднаш следеше оставката на владата на досегашниот премиер Дмитри Медведев и именувањето и изборот на новата влада предводена од Михаил Мишустин.
Руските пратеници во прво читање ги одобрија уставните измени
На 23 јануари руските пратеници едногласно ги одобрија во првото читање уставните измени кои ги предложи Путин три дена пред гласањето.