Пациент хоспитализирана во Чикаго е вториот потврден случај на коронавирус во САД, соопштија денеска американските Центри за контрола и заштита од заболувања, пренесоа светските новински агенции.
Д-р Нанси Месониер, директорка на Националниот центар за имунизација и респираторни заболувања на ЦДЦ, на прес-конференција изјави дека нивната агенција следи 63 други потенцијални случаи во 22 различни сојузни држави.
Новиот пациент е жена во 60-ти години, која патувала во Вухан, Кина - епицентарот на смртоносниот вирус, во кој загинаа најмалку 26 лица и над 1000 заразени. Таа се вратила дома во САД и откако забележала промени кај неа се јавила кај лекар.