Кривичниот суд во Скопје денеска им изрече ослободителна пресуда на петмина обвинети во повторената постапка за случајот „Шпион“. Судот ги ослободи од обвинение Миќо Насковски за делата „измама“ и „уцена“, Марјан Маџовски за „уцена“, Горан Стојков и Цветан Дамјановски „за недозволено чување и поседување оружје“ и Ѓорги Хаџимицев за делото „послужување во службата“.
Поради не појавување на неколку рочишта и не доставување на медицинска документација, постапката е раздвоена против обвинетиот Марјан Ефремов. Според обвинителството, екс разузнавачот Марјан Ефремов бил организатор на групата која шпионирала за странски разузнавачки служби, а истовремено се занимавала со уценување, измами и изнуди.
Претходно денеска, се одржа рочиште на раздвоената постапка против обвинетиот Зоран Божиновски, на која обинителството и одбраната изнесоа завршни зборови, а пресудата е закажана за 11 февруари 2020 година.