Руското министерство за надворешни работи соопшти дека либиските завојувани страни денеска ќе се сретнат на мировни разговори во Москва. На разговорите ќе присуствуваат Фајез ал-Сарај, кој е на чело на либиската влада која е признаена од Обединетите нации и Калифа Хафтар, командант на самопрогласената Либиска национална армија.
Претходно денеска министрите за надворешни работи и за одбрана на Русија и Турција одржаа состанок за случувањата во Либија. Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Мариа Закхарова на нејзината страница на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека пристигнале и претставници на либиските спротивставени страни кои ќе се придружеле на состанокот.
Инаку, Либија е зафатена од насилства по падот на Моамер Гадафи кој беше соборен од власт и убиен во 2011 година. Земјата сега има две влади, едната поддржана од Обединетите нации и се наоѓа во Триполи, а другата е владата на Либиската национална армија предводена од Хафтар.