Конзервативецот Себастијан Курц денеска положи заклетва на позицијата канцелар на Австрија со што се врати на истата функцијата по падот на владата која претходно ја предводеше. Сега Курц стана канцелар со сосема поинаква владина коалиција во која е Партијата на зелените.
Триесет и три годишниот Курц на функцијата се враќа по седум месеци, а ќе ја предводи првата австриска влада во која жените се мнозинство и првата во која Партијата на зелените е дел од владиниот состав.
Тој стана премиер на 31 година предводејќи ја тогаш коалицијата со крајно десничарската Слободарската партија на Австрија. Во мај, по објавувањето на видеото на кое тогашниот лидер на таа партија Хајнц-Кристијан Штрахе се гледа како тој договора поткупливи зделки со наводна руска бизнисменка беше изгласана недоверба на владата. По тоа се распишаа избори, а во меѓувреме земјата ја водеше непартиска времена влада. На изборите во септември победија Народната партија на Курц и Партијата на зелените.