Али Ахмети реизбран за претседател на ДУИ
Ахмети се заблагодари на довербата која му е дадена за следните четири години да биде на чело на ДУИ и рече дека со донесувањето на Охридскиот договор од 2001 година статусот на Албанците во земјата бил променет и оти сега слободно го користат албанското знаме и јазик, дека имаат три униврзитети и оти имаат војска и полиција каде се претставени со дигнитет.
„Не очекува многу тешка задача. Не треба да застанеме на една резолуција за владење на правото и ветингот, туку треба да се одработи сериозна работа за во државата да владее правото, да се спроведе добар и чист ветинг, прочистување на лицата кои ќе управуваат со законодавството“, изјави Ахмети и додаде:
„Работите кои не очекуваат во иднина не се ни толку мали. Нам ни останува да бидеме силни и стабилни во насока на полно почитување на Охридскиот договор, Преспанскиот договор како и Договорот за добрососедство. нема враќање назад“, изјави Ахмети.