Трет состанок за иницијативата „Мал Шенген“
Ова ќе биде трета сесија од серијата состаноци на тројцата лидери, откако претходно вакви средби одржаа во Нови Сад и Охрид. Таканаречената иницијатива за воспоставување на „Мал-Шенген“ содржи идеи за намалување на трговските бариери меѓу земјите од Западен Балкан, слободен проток на луѓе, ослободување на пречките за инвестиции и т.н.
Утре во Тирана ќе биде одржана работна сесија на лидерите на земјите од Западен Балкан, а потоа ќе следува пленарна сесија на која ќе учествуваат и претставниците на политичките и финансиските институции на ЕУ, како и претставници на Светската банка, Советот за регионална соработка и претставници на Стејт департментот на САД.
Дел од програмата е лидерите да го посетат и градот Драч, како поддршка на граѓаните кои беа погодени од трагичните последици на земјотресот, се вели во владиното соопштение.