Меѓународната федерација на новинари денеска соопшти дека оваа година се убиени помал број на новинари од лани , но предупреди дека една од причините е тоа што медиумските работници се воздржуваат да одат во најопасните области.
Меѓународната федерација на новинари соопшти дека се убиени 49 новинари годинава, а лани 95.
Групата наведе дека дури и ако новинарите покажуваат поголема претпазливост, тоа исто така значи дека јавноста е помалку информирана за некои од најсмртоносните конфликти и злоупотреби на човековите права.