Приведена дадилката што тепа двегодишно дете
„Утврдено е дека станува збор за егувателка која била ангажирана да го чува детето“, велат од полицијата.
Во судот велат дека не се точни информациите во медиумите дека веќе и е одредена мерка притвор, затоа што се уште овој случај не стигнал ни до судија од претходна постапка.
Дел од медиумите јавуваат дека по објавувањето на снимката дека мајката во присуство на инспектори за насилен криминал го однела детето на преглед. Детето е двегодишно а жената заедно со него чувала уште две други деца.