Шефот на грчката дипломатија и неговиот заменик во посета на Скопје
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Гениматас на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека агендата на разговори се уште се комплетира, но со оглед на тоа дека и Франкојанис ќе биде во Скопје заедно со Дендиас, ќе стане збор и за економската соработка.
Шефовите на дипломатиите на Грција и на Северна Македонија се сретнаа вчера во Брисел, средба за која Гениматас рече дека била конструктивна и станало збор за подготовките за посетата на Дендиас на Скопје.
„Во рамките на грчката стратегија за Западен Балкан, грчката влада има намера да преземе конкретни иницијативи за поддршка на европската перспектива на земјите од регионот, со цел консолидација на безбедноста, зајакнување на стабилноста и развој на просперитетот на поширокиот регион“, рече портпаролот на грчкото МНР.
На новинарско прашање за трговските ознаки и промоцијата на грчкото лого, Гениматас рече дека е нешто што беше од претходно најавено и има за цел „да го зајакне идентитетот на македонските производи“.