Ахмети:Не е најдобро ниту за ДУИ, ниту за СДСМ, да влеземе во предизборна коалиција
Ахмети вели дека во однос на активностите околу изборите уште не преговараат со ниту една партија од македонскиот блок, а за во иднина ќе видат.
„За коалиција со СДСМ не е разговарано. Но, во принцип сум го кажал мојот став, кој го претставува мислењето на партијата, дека не е најдобро ниту за ДУИ, ниту за СДСМ, да влеземе во предизборна коалиција, бидејќи сме во специфични околности, а не во околности кои сме ги поминале порано на локалните избори“, рече Ахмети на инаугурацијата на статуата на американскиот претседател Вудроу Вилсон пред административната зграда на Општина Чаир.
Претходно и премиерот Зоран Заев рече дека односите со ДУИ се стабилни.