Заев лауреат на Меѓународната награда „Иса-бег Исхаковиќ“
„Зоран Заев не само што значително ги унапреди односите во регионот на Западен Балкан, туку покажа и силно политичко лидерство во контекст на порешително приближување на регионот кон Европската Унија и НАТО“, се наведува во образложението на Комитетот за доделување на наградата.
Минатогодишен лауреат на оваа награда е поранешниот шеф на хрватската држава Иво Јосиповиќ, а меѓу добитниците во претходните години се и поранешниот австриски претседател Хајнц Фишер и актуелните претседатели на Словенија, Борут Пахор, на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и на Хрватска, Колинда Грабар-Киртаровиќ.