Казна затвор за антивладините демонстранти во Грузија
Уште 25 демонстранти чекаат пресуди за истото дело.
Илјадниците демонстранти протестираа пред зградата на парламентот на 18 ноември со барање за предвремени избори, откако пратениците не успеаја да ги спроведат ветените изборни реформи.
Додека се чекаа пресудите, групи активисти денеска се обидоа на симболичен начин да стават катанци на судот и на владините згради.
Опозиционите партии велат дека изборниот систем во Грузија неправедно ја фаворизира владејачката партија.