Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, утре ќе се сретнат со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас на Светскиот економски форум во Женева.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Гениматас на денешниот брифинг со новинарите рече дека разговорите ќе се фокусираат на Договорот од Преспа и спроведувањето на реформите и повтори дека Грција ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан, потсетувајќи дека земјата „од 2003 беше иницијаторот на оваа перспектива”.