Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во својот последен говор пред Комисија за надворешни работи на Европскиот Парламент во својство на вршител на сегашната функција, уште еднаш изрази жалење што земјите членки на ЕУ не постигнаа консензус во октомври за отпочнување на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија и повторно нагласи дека со тоа му се нанесува огромна штета на кредибилитетот на Европската унија.
Тој смета дека ЕУ не може да си дозволи прво да се занимава со внатрешната реформа, а дури потоа да ги отпочне процесите во регионот, бидејќи има преголем ризикот во меѓувреме да се случи реформско назадување во западнобалканските земји.
Тој се надева дека одлуката ќе се ревидира.