Националистички групи одржаа протести во Москва и други градови низ Русија на одбележување на Денот на национално единство. Празникот беше воведен во 2005 година од рускиот претседател Владимир Путин со кој се одбележува победата врз полските сили во 1612 година.
Десничарските, националистичките и монархистичките групи го кристат денот за да организираат ксенофобични и антиимиграциски маршеви, а изминатите години имаше и судири меѓу демонстрантите и полицијата.