Путин на Африка и нуди помош по принципот „Африкански решенија за африканските проблеми“
Самитот доаѓа во време кога ривалите како САД, Индија, Турција и Кина исто така сакаат да се здобијат со влијание во Африка. Путин во интервјуто пред самитот, рече дека на своите гости ќе им понуди помош и заеми, кои ќе се засноваат на принципот „Африкански решенија за африканските проблеми“, наместо исполнување на наметнатите одредници од странство. Тој вели дека западните земји користат притисок, заплашување и уцена кон африкански влади.
Путин наведува дека со африканските земји имаат воени договори, зделки за оружје, изградба на централи за електрична енергија, ослободување на долгови, а руските универзитети традиционално нудат обуки за африкански студенти.