Собир пред судот во Кичево за поддршка на Ел Чека
Пред Основниот суд во Кичево денеска се одржа протест на група граѓани за поддршка на Ел Чека, кој моментално живее во Чикаго, САД и од таму објавува аудио снимки за наводни коруптивни дејства на високи челници од ДУИ. Тие носеа транспаренти на кои пишуваше „Не осудувај ги оние кои пријавуваат криминал“.