Отварањето пристапни преговори нуди повеќе придобивки и можности за процесите на трансформација дома, за кредибилноста на процесот на проширување, за идните компромиси како двигател на позитивите промени, како и за неминовноста да созрееме заедно и да го забрзаме темпото кон Европската унија, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров на работниот појадок со неговите колеги од Западен Балкан на маргините на 74. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Состанокот е во организација на Регионалниот совет за соработка и на него се дискутираа прашања поврзани со европската перспектива и регионалната соработка во светло на заклучоците и заложбите од Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес што се одржа во Познан, Полска во јули годинава.