Македонска асоцијација на новинари (МАН) смета дека обвинението за новинарот на порталот „Инфомакс“ заради оддавање државна тајна е прогон и бара Обвинителството да го повлече обвинителниот акт.
„МАН изрично бара обвинителствотро веднаш да ја запре постапката по обвинителниот акт, бидејќи ова го сметаме за еден од најтешките и најбрутални притисоци врз новинарството извршено врз еден медиум од осамостојувањето на Македонија до денес. Обвинителството не може да се крие позади квалификацијата “оддавање службена тајна” за наведеното сведочење. Текстот кој е предмет на обвинителен предлог е експлицитен пример за јавен интерес кој се појави откако токму јавното обвинителство преку свои изјави криеше факти од постапката за Рекет, објавуваше лажни податоци дека во исказите не се споменуваат политичари од власта и слично. Токму објавеното сведочење го демантираше јавното обвинителство и постави прашање зошто ОЈО крие податоци и дава лажни вести“, стои во реакцијата на МАН.
ОЈО денеска поднесе обвинителен предлог за новинар на Инфомакс за кривично дело – оддавање службена тајна од член 360 став 1 од Кривичниот законик, поради објавување на првата страница од записник во случајот „Рекет“.