„Фејсбук“ укина илјадници апликации
Од март 2018 година, Фејсбук почна да се занимава со апликации кои имаат пристап до податоци на корисниците, откако беше откриено дека компанијата Кембриџ Аналитика на тој начин користела приватни податоци на милиони корисници во обид да влијае врз изборите во САД.
По избувнувањето на скандалот, Фејсбук беше изложен на посебно внимание на американската и европските влади, а извршниот директор Марк Закерберг сведочеше пред Конгресот. Фејсбук објави дека истрагата е во тек и оти до сега се прегледани милиони апликации.