Путин, Ердоган и Рохани на состанок за Сирија
„Идлиб ќе биде во центарот на внимението на трилатералниот самит во Анкара. Ќе размениме мислења за различните точки на гледање за решавање на ситуацијата и за борбата против тероризмот“, рече Ердоган.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков потврди дека рускиот претседател ќе учествува на состанокот на мировниот процес во Анкара и барањето решение за сириското прашање.