Одбележана 230 годишнина од основањето на Стејт департментот
Во обраќањето Димитров се осврна на билатералните односи засновани на споделени вредности и стратешко партнерство, а ја истакна и значајната улога на колегите од американскиот Стејт департмент „кои низ изминативе 25 години ја поддржуваа и помагаа земјата во надминување на предизвиците.“
„Имаше моменти кога нашите пријатели и колеги од Стејт департментот играа клучна улога помагајќи ни да ги надминеме пречките на нашиот пат кон градење на посилна земја и општество. Благодарни сме им на САД што беа на наша страна во текот на сите овие години“, нагласи Димитров.