Путин - протестите во Москва се дел од предизборни тензии
„Што се однесува до настаните во Москва, тоа е поврзано со зголемени тензии за време на изборна кампања“, рече тој додавајќи дека Русија ги почитува човековите права и правата на граѓаните, но оти цивилите и полицијата кои го прекршуваат законот „ќе бидат одговорни.“
Повеќе од еден месец се случуваат неделни протести во рускиот главен град, откако властите забранија учество на изборите на 8 септември на некои опозициски и независни кандидати.
Полицијата употребува сила да ги растера демонстрантите од протестите кои ги опишува како „нелегални масовни собири“ и приведе повеќе од 2.000 луѓе.