Димитров бара непристрасна истрага за „Рекет“
Во интервју за ТВ21, Димитров изјави дека истрагата треба да биде целосна, непристрасна, да нема човек над законот, без разлика на каква позиција е или бил, “бидејќи ова е исклучително важно прашање за државата.“
„Факт е дека имаме скандал, факт е дека таа истрага е исклучително важна и мислам дека треба да разговараме за тоа како што треба да разговараме и за законот за јавно обвинителство“, рече шефот на дипломатијата.