Данска запрепастена од одлуката на Трамп да ја откаже посетата на земјата
Данската кралска куќа денеска изрази „изненаденост“, додека премиерката Мете Фредериксен изјави дека бил „разочарана.“
Трамп требаше да ја посети Данска на 2 септември на покана на данската кралица Маргарета Втора.
Пред посетата тој посочи дека САД се заинтересирани да го купат Гренланд – предлог кој Фредериксен го опиша како „апсурден.“
Додека Трамп ја опиша Данска како „многу посебна земја“, тој на Твитер денеска објави дека планираната посета нема да се случи бидејќи Фредериксен немала интерес да разговара за купување на Гренланд.