По приведувањето на Јанева, претрес во нејзиниот кабинет во СЈО
Припадници на полицијата претходно извршија претрес во домот на Јанева. Јанева вчера беше на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет”. Во 14 часот е закажана прес-конференција во ЈОРМ на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, неговата заменичка Лилјана Спасовска и шефицата на Јавното обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска.