Русија ќе почека официјален предлог за враќање во Г7, па ќе размисли
„Тешко е да се разбере за што станува збор сега. Затоа, неопходно е разговорите да се пренесат од сфера на јавна забава во професионална, доколку Г7 сака да се постави како сериозен формат“, рече Захарова.
Во меѓувреме, анонимен француски дипломат изјави дека враќањето на Русија во Г7 зависи од нејзиниот напредок во политичкиот процес со Украина. Денес и американскиот претседател се изјасни дека е за враќање на Русија во Г7.