Опозициската коалиција и Армијата на Судан потпишаа договор за поделба на власта на свечена церемонија во главниот град Картум. Со договорот се отвора патот за транзиција од кон граѓанско владеење по военото соборување на претседателот Омар ал Башир во април годинава и неколку месечните протести. Според договорот Совет од шест цивили и пет генерали ќе ја води државата се додека не се одржат избори во земјата. Премиерот предложен од цивилите во Советот треба да биде назначен утре.Премиеритена Етиопија и на Јужен Судан беа дел од високите регионални претставници на церемонијата.