Побарано продолжување на притворот за Боки 13 и Зоран Милевски
Јовановски и Милевски се осомничени во случајот „Рекет“, односно „за примање награда за противзаконито влијание, а едниот од нив се сомничи и за перење пари“. Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен, за преку јавен обвинител од СЈО, да биде олеснета постапката што се води против него. Од бизнисменот биле барани 8 милиони евра, а добиле 1,5 милиони евра.