Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Од касата на УБК проневерени над 820.000 евра

Јавното обвинителство денеска соопшти дека покренало постапка против четворица вработени во Управата за безбедност и контра-разузнавање, од кои тројца се товарат за проневера над 50 милиони денари, односно над 820.000 евра.


„По сеопфатна истражна постапка отворена во март годинава, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица, македонски државјани. На тројца обвинети им се става на товар дека со извршените дејствија сториле по едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик, а едно лице е обвинето за помагање во извршувањето на истото кривично дело“, соопшти јавното обвинителство.


Според ЈО, осомничените делото го сториле во периодот од 2007 до 2017 година.


„Обвинетите, како службени лица вработени во УБК при МВР, во временскиот период од 25.01.2007 година до 30.05.2017 година, постапиле спротивно на чл.7 ст.1 и чл.12 од „Упатството за користење на средства за посебна намена на УБК“. Во наведениот временски период, во вкупно 172 наврати за потребите на касата за исплата на средствата за посебни намени на УБК, од Одделот за финансии при Министерството за внатрешни работи, подигнале парични средства за кои поднесувале барања и стални признаници за износите што ги подигнувале. Притоа, без да имаат посебно одобрение од Директорот на Управата, без да биде формирана Комисија за ништење на материјална документација и без записници, ги уништиле евиденциите за потрошените средства заедно со документацијата за исплата – „Главните книги за евиденција“, соопшти ЈО.


Со ова, според ЈО, обвинетите предизвикале штета на Буџетот на државата во вкупен износ од 50.670.000,00 денари, односно над 820.000 евра. На обвинетите им е одредена мерка притвор.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus