Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, ѝ наложи на владата да изготви предлог-закон за поедноставување на процедурите за добивање украинско државјанство за Русите кои се прогонувани од политички мотиви, објавија новинските агенции.
Уредбата беше објавена на веб-страницата на украинскиот претседател во понеделникот.
„Барам за кратко време да се подготви украински закон за да се олесни постапката за добивање украинско државјанство за руски државјани кои биле подложени на прогон поради нивните политички ставови“, се вели во документот.