Продолжуваат шпекулациите околу здравјето на опозицискиот лидер на Русија, Алексеј Навални, и покрај неговото ослободување од московската болница поради болест.
Лекарката Анастасија Василева на новинарите денеска им кажа дека Навални бил пуштен и е вратен во затвор со обезбедување. Навални беше пренесен во болница еден ден претходно, со отекување на лицето и црвенило, предизвикувајќи стравувања дека е жртва на труење, иако официјалните претставници на болницата ја карактеризираат болеста како "алергиска реакција".
Адвокатот на Навални, Олга Михајлова, денеска по неговото излегување од болница изјави дека тој бил отруен од непозната хемискиа супстанција.Претходно денеска Василева рече дека "категорично" се спротивставила на враќањето на Навални во притвор, се додека останува нејасно што ја предизвикало неговата болест.
"Немаше консултации со токсиколози. Нема токсиколошки резултати од тестот", рече Васиљева. "Токсичниот агенс што предизвика оток и црвенило е нејасен", изјави таа