Најмалку 11 луѓе биле застрелани на фестивал за храна во Калифорнија кога неидентификувано лице пукало врз посетителите. Според сведоците, станува збор за маж на околу триесет години. Нападот се случил во местото Гилрој на околу 48 километри јужно од Сан Хозе. Таму од 1979 година се одржува фестивал на лукот.